Селекцијата на Португалија во синоќешниот натпревар од второто коло од групата Ф во рамките на ЕУРО2020 доживеа пораз со резултат 2-4 од Германија.

За синоќешниот натпревар од ова коло на ЕП може да се каже дека беше еден од највозбудливите натпревари до сега на првенството, каде што за прв пат паднаа дури шест голови.

Но, она што е интересно, е моментот кога еден од најдобрите фудбалери на планетата, Кристијано Роналдо со „луд“ спринт го претрча целиот терен и постигна гол за Португалија.

Имено, Португалецот за само 14 секунди претрча 97 метри и ја стресе мрежата на противникот.

Во продолжение погледнете го видеото, како Роналдо од сопствениот шестнаесетник го претрчува целиот терен и ја забива топката во противничката мрежа: