Фејсбук статус на новинарката Снежана Лупевска Созен

Починатите од КОВИД не се само бројка, статистика, безимени лица со години во заграда. Така ги објавуваат секој ден. Тие се луѓе, наши луѓе, пријатели, роднини, семејства, соседи, професионалци во својата област, работници.

Покренувам иницијатива до властите да направат вечен спомен за овие луѓе никогаш да не ги заборавиме, ако треба да поднесеме некој официјален документ до нив, барање. По примерот на Vjecna Vatra во Сараево. Доаѓаат празници, Великден, Бајрам , Први Мај..денови кога може да ја реализираме оваа иницијатива.

Созен своевремено објави и линк од една од последните емисии каде што прашува: Ќе одговара ли некој за облакодерите кај Холидеј Ин?

Дали она што не успеа да го изгради а испланира ВМРО ДПМНЕ ќе му успее на градоначалник од СДСМ? Облакодерите спроти Холидеј Ин ќе го параат и небото но и животот на скопјани. За градоначалникот Богдановиќ нема отстапки Експертите укажувале на нелогичен план но локалните власти останале глуви на нивните препораки Антокорупционерите притискатаат за суспенизја и спас на граѓаните .Во меѓувреме истражуваат дали има организиран криминал а доколку има индиции за тоа би се вклучило и Јавното Обвинителство.