Малолетниот Ром од Кочани чиј татко неодамна се закани дека ќе уbива , деновиве kрадел низ куќи во Штип. Домашните камери на штипјанка го лоцирале како спокојно влегува и со уkраденото излегува од нејзиниот дом, пишува ТВ Стар.

– На ќерка ми тоа се случи што и ја ограбија куќата, но детето е од Кочани затоа што оперираше во Кочани а сега почна и во Штип. Пари, палта на деца, ранци, алишта, се собрал и мобилни, таблети, часовници се живо е собрано од дете што пред два месеца беше во Кочани чиј родител се закануваше со оружје и така. Ќерка ми има камери и се но сега децата се плашат, не смеат ни дома да си отидат за да спијат.

Со оглед дека снимките биле кристално чисти и на полицијата и била доставена веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистинска збрка. Тогаш, тој при кражба на лице место беше фатен во населбата Трајаново Трло, а сопствениците не ја пропуштија приликата на малолетниот крадец да му покажат дека местото не му е таму.

Во јавноста се појавија снимки од кои се гледа како тие за стореното со него се пресметуваат.

На насилството врз малолетниот Ром молскавично одговори неговиот татко, кој со оружје преку социјалните мрежи се закани дека ќе се одмазди.

Полицијата реагираше и кога сите се надеваа дека малолетникот извлекол поука тој се појави во Штип и претпоставка е дека освен во куќата каде беше снимен оперирал и во многу други.

Без оглед на неговата идентификација и утврдените кражби од негова страна овој веќе искусен крадец поради годините сепак е на слобода.

– Чувството е ужасно, но најмногу ми е криво и болно за стресот на децата, меѓутоа уше поболно е што надлежните не реагирале соодветно, па му дозволиле повторно да се шета низ нашите домови. Го фатиле, признал дека краде и пак го пуштиле. Зошто?

– СВР Штип работи на целосно комплетирање и документирање на кривично правниот настан, по што ќе следи информација до јавноста, информираат од СВР Штип.

ИЗВОР: СИТЕЛ – видео Малолетникот од Кочани чиј татко се закануваше со убиство фатен како краде во Штип | Сител Телевизија (sitel.com.mk)