Марија Пијанманов, ќерка на Жан Пијанманов и Константин Плевнеш, син на Јордан Плевнеш во минатото. беа гости во ток шоуто „Живот со стил“ на ТВ 24. Нивниот начин на живот кој е споделен во јавноста наидува на различни коментари од луѓето. Едни ги поддржуваат, други ги критикуваат.

Во Париз сме егзибиционисти, одиме на места каде оди Ким Кардашијан и не се плашиме да се претставиме. Знаеме да одиме на места каде што одат само милионери. Зрачиме со таа убавина што никој не не издвоил како цетсетери, Вели Марија, а додава дека не се преоптеретува што ќе вози бидејќи повеќе е на патувања, а во Париз има шофер.

Не сум љубител на големи брендови, не сум човек кој што сака да избира луксуз поради самиот бренд. Имам париња кои ги сакам и се дел од мојата душа, а не поради тоа што е луксузно, туку поради тоа што ме привлекло. Сакам убави наочари, сопругот често ми ги купува.

Таа на својот фејсбук профил, неодамна напиша интересен статус кој привлече реакции.

Јас би открила за себе дека имам примено само една вакцина, другите не дозволил татко ми да ги примам како мала, верувал сум нешто најпрекрасно кое не смее да биде оштетено. Проблем сега е што понекогаш мислам дека ај кјуто ми е специфично и шестото сетило грандиозно и визиите просветлени, токму поради тоа.- напиша таа