Марија Пијанманов, жена од Македонија, која живее во Париз, често знае да биде актуелна низ социјалните медиуми со нејзините видеа во кои го опишува животот во местата каде што оди или живее.

Марија е во брак со Константин, кој вели дека ја запросува секој ден, и тоа на егзотични дестинации како Париз, Амстердам.

Таа на својот инстаграм профил, објави видео кое го снимила за време на нејзиниот престој во локал покрај Охридското Езеро.

Таа вели дека Охрид и е убав, но денеска бил сив, а ги поздравува своите фанови посакувајќи им среќни празници. Потенцира дека пие коктел и макијато, од причина што синоќа пиела џин-тоник, па денес не можела да пие алкохол.

А во меѓувреме, Марија соопшти дека нејзиниот сопруг ја разбудил со јагоди соопштувајќи и дека ќе одат во Њујорк на крајот на годината, бидејќи нејзиниот сопруг мора да биде присутен на проекција на филм.

Додека се снимаше Марија, две девојчиња побараа да се фотографираат со неа, а таа со задоволство прифати и им порача да ја заследат и да и ги испратат заедничките фотографии.

Откако си заминаа, таа ги пофали како биле паметни од причина што сакале да бидат видени во нејзиното видео кое оди во живо, па затоа тие побарале фотографија додека таа се снима.
Целосното видео може да го погледнете овде