Пејачката Марија Шерифовиќ како и повеќето нејзини колеги е на пауза од музички настапи поради коронавирусот.

Меѓутоа, пејачката е активна, па си најде занимација односно снима влогови за „Јутуб“. Шерифовиќ исто така е активна и на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии, но никогаш не користи разни ефекти и филтерки како многу нејзини колешки.

Сепак, сега не можеше да одолее на новиот филтер на Инстаграм кој стана хит на социјалните мрежи.

Имено, овој ефект покажува како би изгледале доколу имате премногу силикони во усните и ботокос на лицето.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија со овој познат филтер и ги насмеа своите фанови.