Машка ќелавост, најдобри витамини во борбата против губењето на косата

Ќелавоста кај мажите е вообичаена и на две третини од мажите им се случува косопад до 35-тата година од животот.

Причините за ова се различни. Покрај генетиката, губењето на косата е резултат и на одредени болести, лекови, инфекции, зрачење, токсини и стрес.

А во некои делови на светот, виновни се и навиките во исхраната и недостатокот на витамини.

Сериозна дефицитарност на витамини е ретка кај мажите во развиените земји, но научниците се обидуваат да откријат дали додатоците во исхраната можат да ја забават стапката на губење на косата или да помогнат во нејзиното растење.

„Иако сè уште не сме завршиле, клиничките испитувања покажаа некои резултати“, изјави дерматологот Аднан Насир за списанието „Men’s Health“.

Пазарот е преплавен со производи кои ветуваат густа коса, но според д-р Насир исплатливо е да се инвестира во три.

Биотин (витамин Х)

Д-р Насир вели дека мажите кои се на кето диета, или биле подложени на баријатриска операција или пијат многу алкохол може да забележат ниско ниво на одредени витамини, вклучувајќи го и биотинот, наречен витамин на убавината или витамин Х. Постојат многу истражувања кои сугерираат дека недостатокот на биотин може да доведе до опаѓање на косата и појава на егземи и габични инфекции.

5 ТВ
ВО ЖИВО
БАРАЈ
21:00 – ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД (ПРЕМИЕРА)
23:55 – СПЕЦИЈАЛ (ПРЕМИЕРА)
07:00 – МАКЕДОНСКИ ПРИКАЗНИ (РЕПРИЗА)
10:30 – ТИНТИРИ МИНТИРИ ШОУ (ПРЕМИЕРА)
11:00 – МАКЕДОНСКИ ПРИКАЗНИ (РЕПРИЗА)
12:00 – БРАЗДИ (ПРЕМИЕРА)
13:00 – ИГРАНА СЕРИЈА (РЕПРИЗА)
15:00 – ВЕСТИ
15:20 – ЖИВОТ СО СТИЛ (ПРЕМИЕРА)
16:00 – ИГРАНА СЕРИЈА (РЕПРИЗА)
18:00 – ВЕСТИ ВО 18
18:30 – ЕДЕН НА ЕДЕН (ПРЕМИЕРА)
19:30 – ГОЛДЕН КАРПЕТ (ПРЕМИЕРА)
ЖИВОТ
Машка ќелавост, најдобри витамини во борбата против губењето на косата
Ќелавоста кај мажите е вообичаена и на две третини од мажите им се случува косопад до 35-тата година од животот.

Прегледи:
3921
Објавил:

26 јули 2021, 07:21
Сподели
Сподели

Причините за ова се различни. Покрај генетиката, губењето на косата е резултат и на одредени болести, лекови, инфекции, зрачење, токсини и стрес.

А во некои делови на светот, виновни се и навиките во исхраната и недостатокот на витамини.

Сериозна дефицитарност на витамини е ретка кај мажите во развиените земји, но научниците се обидуваат да откријат дали додатоците во исхраната можат да ја забават стапката на губење на косата или да помогнат во нејзиното растење.

„Иако сè уште не сме завршиле, клиничките испитувања покажаа некои резултати“, изјави дерматологот Аднан Насир за списанието „Men’s Health“.

Пазарот е преплавен со производи кои ветуваат густа коса, но според д-р Насир исплатливо е да се инвестира во три.

Биотин (витамин Х)

Д-р Насир вели дека мажите кои се на кето диета, или биле подложени на баријатриска операција или пијат многу алкохол може да забележат ниско ниво на одредени витамини, вклучувајќи го и биотинот, наречен витамин на убавината или витамин Х. Постојат многу истражувања кои сугерираат дека недостатокот на биотин може да доведе до опаѓање на косата и појава на егземи и габични инфекции.

Витамин Д.

Недостатокот на витаминот Д најчесто ги погодува веганите, луѓето алергични на млеко, оние кои боледуваат од Кронова болест, целијакија и оние кои не се изложуваат доволно на сончева светлина. Витаминот Д помага да се создадат нови фоликули на влакната.

Клиниката Мајо препорачува возрасните да земаат најмалку 600 IU витамин-Д дневно, иако 1000-2000 IU на ден се смета за безбедна доза. Витаминот Д помага и во здравјето на коските, мускулите, нервите и имунитетот.

Цинк

Некои постари студии покажаа поврзаност на недостатокот на цинк со голем број нарушувања, вклучувајќи го и губењето на косата. Затоа, се смета дека, во случај на недостаток на цинк, би можеле да помогнат додатоците во исхраната кои го содржат. Сепак, истражувачите од Медицинскиот факултет Бејлор истакнуваат дека нема доволно докази кои сугерираат дека цинкот го поттикнува растот на косата. Преголема доза на овој минерал може да предизвика проблеми со стомакот, вклучувајќи гадење и дијареја.