МВР ќе трага по битолчаните кои ги обраа љубичиците од цветната леа пред Безистенот, откако Јавното претпријатие „Комуналец“ поднесе пријава во полиција, пишува СДК.МК

Вчера, на социјалните мрежи битолчани поставија фотографаии на кои се гледа како четворица битолчани полнат кеси со цвеќињата што вработени од „Комуналец“ ги извадија од леите за да направат промена на расадот.

Ова предизвика критики, некои обвинуваа дека се работи за кражба, а други дека им било дозволено од вработените да земат од цвеќињата.

Директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски денес објасни дека тие никому не дозволиле да зема од цвеќињата од цветните леи, па ни кога се врши промена на расад.

„Цветниот расад е наша грижа и обврска и ни на крај на памет не ни е да дозволиме некој тоа да го прави. Ние постапуваме во рамките на законските надлежности.

Случајот е пријавен евидентиран во МВР, па понатаму нека се постапува. Не може да се дозволи да се земат цвеќињата ни кога се врши сезонски промена на садниците. Ние тие садници што ги вадиме ги користиме за други места каде правиме пилот можности и проекти за разубавување. Ова беше вандалски чин, среќа не ни го оштетија системот за наводнување“, рече Богоевски.

Целиот текст на СДК извор СДК.МК