По неколкуте палења на трската на струшкото крајбрежје на потегот од излезот на Струга кон селото Калишта за само два месеца, стружани стравуваат дека на ваквите локации ќе никнат нови нелегални градби, пишува СДК.

Велат дека со градежна механизација се насипува и рамни опожареното место со шут и земја. Биолозите алармираа дека уништувањето на трската и бетонизацијата значи и опасност за целокупниот биодиверзитет во езерото. Градоначалникот Рамиз Мерко ветува дека „нема да има никакви градби, нема тампонирање на земјиште, сè е шпекулација“

„Ние сме против палење на трската, можеме да апелираме да не се прави тоа. Ние не сме ни полиција ни обвинителство ни инспектори за да го спречиме тоа. Шпекулација е дека се пали за да се гради. Нема шанса некој да гради во тој дел каде е јавен имот.

Шпекулација е дека ќе издадеме одобренија за хотели и други градби. Има приватен имот таму, но тој треба да се урбанизира и да се добијат сите позитивни мислења. Не може да се гради на диво“, тврди Мерко.
Целосната статија на САКАМ ДА КАЖАМ може да ја прочитате на следниот линк