Утрово, Независната комора на угостители извести дека ќе поднесе низа барања до Министерството за здравство.

Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака дозвола за работа во внатрешноста на оние објекти кои имаат „златен сертификат“.

Од НУК бараат да се укине и забраната за настап на музички групи во угостителските објекти и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти согласно предлог-протоколи што треба да се изготват. Се предлага да се дозволи на иста маса соодветно да седат шест или повеќе лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска одржал состанок со поранешни министри за здравство, а во врска со новиот закон за Клинички центар.

Тој во изјава за медиумите после состанокот кажа дека сите барања ке бидат разгледани за 3-4 дена, на состанокот во понделник.
Според него, барањата на угостителите имаат логика, засега нема најава за влошување на состојбата со новозаразени заради попуштањето на мерките.
Тој дека ќе се консултира, а за мерките кои се на сила во моментов смета дека треба да останат најмалку уште 1 недела.