Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за претстојните локални избори ќе пласира нов концепт при изборот за кандидати за градоначалници преку кој ќе се вклучат повеќе интелектуалци кои се признаени во средините во кои живеат и работат.

Ќе биде синергија од двете работи. Но, ќе таргетираме и интелектуалци што се познати и признаени во своите средини и зад себе имаат богато професионално искуство –

рече Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, зашто ВМРО -ДПМНЕ е најголема и најорганизирана партија.

– На овие избори се разбира, очекуваме победа. Барем еден градоначалник повеќе, или еден советник повеќе на советничките листи – рече Мицкоски.

Тој најави и дека на овие локални избори можни се сите комбинации во однос на формирање коалиции со други политички партии.