Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неодамна ја информираше јавноста дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести по 23 дневна борба со коронавирусот.

– Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е.

После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на Инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница „Мајка Тереза”. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

А во последната објава тој се пофали дека за 43 минути и 15 секунди стигнал до врвот на Водно, место кое често го посетува.

,,После точно 10 недели од кога излегов од болница, стигнав прв до врв 😃
Не е лошо 43:15 мин.
Нашето прекрасно Водно и градот убав Скопје, овој пат незагаден од мазутот, иако тоа е ретко.
Да си го вратиме градот, да се избориме за иднината на сите идни генерации!” – напиша тој на својот официјален фејсбук профил