Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави став за случувањата меѓу Израел и Палестина и го поддржа Израел.

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од раkeтен oган од појасот Газа кон Израел.

Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион, напиша Мицкоски.

Дел од коментарите

Дел од нив изразуваат и поддршка за ставот на Мицкоски:

Прав десничарски национален Праведен Христијански СТАВ. кога станува збор за оваа ситуација и состојба во Израел За жал ќе има доста амлитуди кога ќе се работи и работи за МАКЕДОНСКОТО ПРАВО НА САМООДБРАНА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИСКА КУЛТУРНА ЈАЗИЧНА, ТЕРИТОРИЈАЛНА, ОД ЛИДЕРОТ И РАКОВОТСВОТО НА ВМРО ДПМНЕ (Закон некој за диво градби што знам нешто НАЦИОНАЛНА ПАРКОВИ таму нешто и така, паѓа амплитудата, поради овакви и онакви причини и НОРМАЛНО ПОРАДИ НЕ ЦВРСТИОТ ОДЛУЧЕН СТАБИЛЕН НАЦИНАЛНО И ИДЕОЛОШКИ И МАКЕДОНСКИ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ) Така да само ни останува поради немање на ПРАВИ ЦВРСТИ ДОСТОЈНИ РЕШИТЕЛНИ ХРАБРИ МАКЕДОНСКИ ЛИДЕРИ, ќе се тешиме и навиваме за Израел ЗА РУСИЈА ЗА КИНА еее како таму има ЛИДЕРИ БОРЦИ ХЕРОИ ЦВРСТИ ДОСТОЈНИ И КАКО ТАМУ СО БОРБА ДОСТОЈНОСТ И ЦВРСТИНА СИ ИМААТ СВОЈ СЛОБОДНИ ДРЖАВИ ДОСТОИНСТВЕНИ ЦВРСТИ НАЦИОНАЛНИ Ееееееее