По информацијата дека денеска Кривичниот суд ќе одлучува дали Сашо Мијалков ќе излезе од притвор, поради понудена милионска гаранција, од Обвинителството

за ФОКУС официјално потврдиле дека дале согласност да се брани од слобода, бидејќи понудил гаранција од речиси 11 милиони евра.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Неофицијалните информации на „Фокус“ беа дека Мијалков понудил гаранција од 7,5 милиони евра, но од Обвинителството прецизирале дека гаранцијата изнесува близу 11 милиони евра.

Целосната статија на ,,Фокус” прочитајте ја на следниот линк