За некои комична ситуација, за други недозволено однесување кое може да предизвика и страв кај граѓаните. Во земјава се почесто излегуваат нови јутјубери, а видеата кои се споделуваат на ТикТок и Јутјуб се далеку од она што може да се види на каналите на светските јутјубери.

Сакајќи да направат ПРАНК, некогаш самите јутјубери предизвикуваат страв и несигурност кај граѓаните. Таков е примерот и со ова видео во кое се гледа како стари луѓе бегаат од млад дечко кој глуми дека е позитивен на коронавирусот, и кој им нуди 100 евра за да преспие кај нив односно да се скрие од институциите.

Секако ова е една добра шега на струмичкиот јутјубер, но за тоа што предизвика таа негова глума кај граѓаните можете да погледнете во продолжение

ВИДЕО

Денеска ќе питуваме дали кај некој ќе може да преспиеме дека сме болни од корона, а сме избегале од болница. Ќе видиме во Струмица дали ќе не примат во некој подрум за 100 евра, вели младиот јутјубер.

Oва беше ПРАНК само, носете маски, дезинфицирајте ги рацете бидејќи состојбата во нашата држава не е добра, вели на крајот од видеото јутјуберот