Давид Давидовски, кој за себе вика дека е најконтроверзен лик и дека е модна икона, и сака да има ,,добар лајф стајл”. Тој е уникатен по својот стил, лакирањето нокти, и потенцира дека за скоро ќе дојдат ,,неговите” 5 минути во интервјуто за естрадниот магазин ,,Бекстејџ”.

Јас имам свој стил, себе си се сметам за ѕвезда, имам некој планови и преговор за телевизиска кариера, со завршување на вирусот се надевам тоа ќе се оствари. Сакам да направам промени, но наидувам на пречки и сум оспоруван. Во нашата држава сите што сакаат да променат нешто, веднаш потоа ги снемува.

-Но, јас знам дека доаѓаат моите 5 минути, дека доаѓа време на младите, и ќе се промени тоа застарено сфаќање. Тој е појава сама по себе, лакирањето нокти, шминката и уникатниот стил е она по што е препознатлив.

Јас тоа што си замислав во главата го креирам, реализирам, и излегувам на улица, коментарите од страна не ме додирнуваат, а ги има многу, од типот, ти си оваков, ти си онаков, со разни пцовки и вулгарности, ме исмејуваат. Јас се стремам тоа да го сменам.

Треба да се облекува пристојно, а не како овие што излегоа на телевизија сега , ,,2 Бона,, и некој слични, чорапи до колена и некој си ранци, за жал сите млади се стремат кон тоа.