Министерството за образование и наука денеска соопшти дека се исплатени ученичките и студенските стипендии за мај годинава.

– Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, веќе ги добија средствата на своите сметки, информира МОН.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжи редовната месечна исплата на ученичките и студенски стипендии воспоставена на почетокот на годината.

ПОВЕЌЕ: Со 8,3 милиони долари, УСАИД ќе и помогне на Македонија за зајакнување на економската конкурентност и намалување на корупцијата
Со 8,3 милиони долари, УСАИД ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава. За таа цел, денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. Договорот беше потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Двете страни се обврзуваат заеднички да соработуваат за остварување на овие три клучни цели, а водечката улога ќе ја има Владата.

Според министерот Бесими, потпишувањето на денешниот договор е потврда за долгорочното партнерство со САД, а трите клучни развојни цели соодветствуваат со програмата на Владата и целите зацртани во Стратегијата за зајакнување на економијата, забрзан и одржлив економски развој.

– Минатата година кога станавме полноправна членка на НАТО постигнавме историски напредок во нашата евроатланска агенда која беше зацртана уште од осамостојувањето на државата. Сега ни претстои период кој е клучен за иднината на земјата. Примарно, тоа е надминувањето на предизвиците на Ковид за економијата, но истовремено и продолжувањето на реформската агенда за креирање подобар систем за просперитетна, силна и добро управувана држава која придонесува за регионалната стабилност и има европска иднина, истакна Бесими.