Кривична пријава против Т.Р.(27) од с.Мокрино, струмичко, поднесе СВР Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, известуваат од МВР.

На 16.04.2021, пријавената се обидела да патува на релација Скопје – Базел, иако била задолжена да остане во својот дом и да го почитува решението од Државен санитарен и здравствен инспекторат со кое била во изолација.

Во меѓувреме во Скопје: Бил ограбен, претепан и ранет во Центар, му се нафрлиле тројца

Млад скопјанец бил ограбен, претепан и прободен со нож во ногата, во подрачјето на Центар.

– На 06.05.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(25) пријавил дека на 05.05.2021 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои се обиделе да му одземат пари, пренесуваат од полиција.

Според пријавеното, едно од лицата со остар предмет му нанело повреда на ногата.

Се работи на расчистување на случајот.