Додека сите спијат пред крајот на полицискиот час веројатно спиела и полицијата бидејќи крадци на дрзок начин украле се што успеале да најдат на еден балкон во скопската општина Аеродром и тоа додека сопствениците на станот спиеле во спалната.
K
Настанот се случил рано утрово околу 3 часот. Луѓето кои живееле на првиот кат од станбена зграда останале зачудени кога утрото се разбудиле и виделе дека балконот на кој стоеле повеќе велосипеди, останал празен.
Ги провериле вратите во домот и виделе дека ниту една не е отворена.

Целите во прашалници барале информации од соседите дали слушнале нешто кога тие им кажале дека некој под нивната тераса направил импровизирана скала од 3 метра и со неа се качил на првиот спрат од каде ги земал велосипедите. Како ги спуштил долу се уште не се знае но соседи сведочат дека слушнале бука во раните утрински часови.

Полицијата е практично немоќна. Луѓето во овој дел на општина Аеродром тврдат дека често се мета на крадци. Редовно се крадат велосипеди, мотори и се што им е достапно на крадците.