Наставникот од Кочани ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично.

Министерката Мила Царовска денеска одби да прими како подарок учебник од 2005 година кој што се обиде да и го даде Игор Здравковски, учител во основното училиште „Никола Карев“ во Кочани.

Наставникот ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично.

Наставникот ја праша дали Царовска е свесна дека со нејзината реформа прави дискриминација затоа што во неговиот клас има 4 ученици кои немаат услови да ја следат наставата, на што таа рече дека некои деца сега имаат и лаптоп и компјутер и телефон и учебници и дека тоа е поголема дискриминација.

Но очигледно министерката знаеше како да му одговори на наставникот: Јас би сакала да ве прашам дали денеска имаме деца кои имаат и таблет и компјутер? Дали има такви? Дали е тоа дискриминација? Дали тие деца имаат подобри шанси да успеат од оние кои немаат? Погледнете го видеото