Учениците во трето одделение во Основното училиште „Франклин“ во Санта Барбара, Америка не се нервозни пред конторлен тест. Нивната наставничка Кејти Бузер пронашла начин како да ги релаксира и мотивира своите ученици.

Пред секој тест, Бузер ги охрабрува децата да повторуваат афирмативни пораки, кои им помагаат да изградат самодоверба.

„Верувам во себе. Верувам дека можам. Верувам дека ќе дадам сè од себе. Верувам дека сум супер. Верувам во себе. Јас сум паметен. Јас сум способен. Јас сум математичар. Јас ќе го положам овој тест. Подготви се, внимавај, сега!“, целиот клас повторува по својата наставничка пред контролниот тест по математика.

Бузер го објави видео на својот инстаграм-профил и објасни зошто смета дека овој пристап е важен.

„Афирмативните зборови се важни затоа што така го менуваме разговорот. И што е најважно, кога го правиме тоа со деца уште од рана возраст, нашиот свет станува подобро место“, напиша таа.

Бројни луѓе ѝ коментираа дека е родена за наставник и ѝ честитаа на рутината што го зајакнува менталното здравје на децата и го поттикнува нивниот здрав развој.

„Отсекогаш сонував дека ќе бидам наставник. Кога имав 10 години го посакував тоа исто како и првиот ден кога се вработив…“, вели Бузер.

ВИДЕОТО можете да го погледнете Katie Booser on Instagram: “ . . ’ . ’ . . . . …”