Се сеќавате ли на овој прекрасен момент од Златна Бубамара

Време ми е да се женам. Во Куманово викаат до 30 се жениш, од 30 до 40 те женив, после Господ не те жени више. Јас имам 30 години, време ми е, за да можам сам да бирам. Но тоа е многу тешко бе. Тоа е толку тешко како да купуваш мобилен телефон. Но за мобилен башка ти даваат гаранција. Која да биде? Еве да има факултет завршено, но тоа не е страшно. Во Македонија сега сите имаат факултет завршено.

Која да биде? Правничка на пример. Еве ќе земам правничка. Она ќе ти каже според член 24 од законот за домување ти сега ќе измиеш садовите. Како попче, цак садовите. Не, не. Не правничка. Еве нека биде економистка. Права жена за дома, со изготвен план и буџет за цела година. Ова е за ова, за сметки волку пари, за ова толку пари.

Таква нека биде бе. Стисната ко галичанка. Ќе ти биде проблем да и побараш 100 денари, вели Сашко Коцев во својот стенд ап за женидба на Златна Бубамара во 2012 година.

Прво видео – женидба стенд ап (Златна Бубамара)

Второ видео: Запросување