Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид 19 во:

-Скопје 33, Гостивар и Струмица по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3, Куманово 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово по 1

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г).

Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:

Скопје 148, Битола 17, Струмица 15, Виница 9, Кочани 8, Кичево 7, Прилеп, Тетово и Штип по 6, Куманово 4

Велес и Берово по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево по 2, Ресен, Радовиш и Крушево по 1. Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.