Видео снимката од планината Хуа едновставно ќе ве остави без здив. Нејзината екстремна висина е нешто кое секојдневно привлекува голем број на авантуристи.

Оваа света планина е висока 2160 метри и се наоѓа во провинцијата Шанкси. Шанкси е идеално место за авантуристите во потрага по адреналин.

Таа е опкружена со дрвени панели преку кои туристите се искачуваат до врвот, а од погледот надолу може да добиете само вртоглавица. Оваа стаза се смета за “најопасната” на светот и со само еден погрешен чекор може да го изгубите животот. Исто така овој пат го користеле и монасите, стотици години назад, како би стигнале до религиските тврдини.

Денес, оваа патека е главна дестинација за туристите кои сакаат добро селфи или интересна авантура. Според податоците на УНЕСКО на ова место се наоѓаат дури 300 камени плочи и 750 духовни ракописи кои постојат уште од пред 1000 години.