Официјално соопштение дадоа од Обвинителството.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица. На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ, обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ,

додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

Оттаму соопштија и детали како екс премиерот Груевски се стекнал со имотот.

-Во периодот од месец јуни 2006 година до октомври 2012 година во Скопје првообвинетиот Н.Г. со искористување на ист траен однос и исти прилики за себе противправно присвоил туѓи подвижни предмети што му биле доверени во врска со неговата работа и притоа присвоил износ од најмалку 1.300.360,00 евра или 79.972.140,00 денари. Тој, во овој период како одговорно лице, претседател на политичката партија, дел од паричните средства што биле давани како донации за финансирање на политичката партија не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе, велат од обвинителството.

Според обвинението, во намерата на Груевски да сокрие дека купил имот, му помогнал неговиот братучед, Сашо Мијалков.

Надлежниот обвинител со Обвинителниот акт на судот му предложи предметниот недвижен имот трите плаца на Водно да бидат конфискувани, како и становите од 57м2 во вредност од 60.000 евра и 38 м2 во вредност од 41.000 евра, градежното земјиште со површина од 2729 м2, евидентирано во имотен лист за КО Центар 2 во вредност од 7.365.600,00 денари и двете градежни парцели за КО Норово – Крушево во вредност од 795.424.,00 денари.

Обвинителот ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка за обвинетиот Н.Г. согласно член 165 став 1 точка 1поднесе Предлог за определување на мерка притвор по неговото пронаоѓање, за обвинетиот Ј.К – Предлог за продолжување на мерката притвор согласно член 165 став 1 точка 1, за обвинетиот Н.Ј. – предлог за определување на мерка на претпазливост – обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и за обвинетата Р.К.К. мерки на претпазлвост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и привремено одземање на патна исправа за преминвање на државна граница односно забрана за нејзино издавање и тоа патна исправа издадена од Република Северна Македонија и патна исправа изддена од Република Бугарија Јавниот обвинител побара мерките да траат до правосилно завршување на кривичната постапка