Го читав другаров наш македонски кој живеел во Германија, а кој се жалеше дека овде во Матка му било скапо кафето. Не му чинело да пие кафе од 150 денари на Матка. Вели решил да дојде овде, дома, да одмори заедно со своите пријатели, да ги прошета како што вели по „прекрасните места“ на нашата убава Македонија, како и да си ја одмори душичката. Но наместо тоа МУ ЈА ОДРАЛЕ КОЖАТА со кафе кое чинело 150 денари. И тоа замислете – на Матка!

Епа вака другар, да те прашам јас тебе. Каде во Германија, на место како МАТКА, туристичко, кое е посетувано од стотици и илјадници луѓе од странство кои слушнале и прочитале за неговата уникатност и убавина, е кафето поевтино од 4, 5 евра? КАДЕ? Дали можеш да ми објасниш КОЕ е тоа место во Германија? Ти другар или си стиснат, или си невиден хејтер на својата земја! Или постои и трета опција – ти другар немаш прошетано подалеку од своето работно место до домот каде што живееш во Германија, а веројатно кафе од 1 до 2 евра си пиел или на бензинска пумпа во Германја.

Не можам да разберам како тоа све у нашава држава било прекрасно, ама било прекапо. Па зарем очекуваше кафето на Матка ќе чини 50 денари бе другар?! Го споредуваш Берово и Матка?! Споредуваш место кое е во склоп на главниот град Скопје и место кое е далеку од главниот град односно место во кое што самите плати не се исти како оние на Матка! Па не можеш бе другар да очекуваш дека на Матка каде што платите на вработените веројатно се движат со 200 евра повеќе од оние на Берово дека кафето ќе изнесува колку она во Берово!

Велиш, си бил и во Охрид и го споредуваш со Санторини. Тоа е така бидејќи ти другар веројатно и никогаш не си го посетил Санторини. Ти си бил во Санторини, но само на пребарувачот на Гугл или на Фејсбук.

Се во животов се плаќа пријателе! Ти во Германија земаш 1500, 2000, 2500 евра плата, а се жалиш дека си платил КАФЕ кое чини 150 денари во својата земја. Автоматски со тоа ти пријателе не размислуваш и за своите сограѓани кои овде очекуваат поголеми плати. А поголеми плати пријателе не се добиваат со кафе од 50 денари на туристичко место какво што е Матка.

Затоа хејтеру, хејтај кога имаш аргументи, а ако не ти чини слободно пиј си кафе на бензинска пумпа во Германија каде што ќе те чини само 1 до 2 евра. А ние, ние кои си ја сакаме државата и си го цениме нашето, ќе си пиеме овде кафе и ќе си ја цениме нашата работа, нашиот труд, нашата сакана и убава Македонија!

Пишува: Антонио Д. – преземен фејсбук статус