Вирален хит на Ѕидот на срамот на интернет платформите денес станаа неколку битолчани. Како што тврдат луѓето кои објавуваат твитови, тие сред бел ден крадат љубичици.

Нивното тврдење го потврдуваат со објавени фотографии на кои се гледа како луѓето земаат, потоа во раце држат жолти ќеси полни со цвеќиња.

Честа појава е веднаш по садењето, да се украдат новите садници во градските паркови. Во парцелите за зеленило и цвеќе недостасуваат садници додека на нивно место зјаат празни дупки.