Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов повикува на собир за Никола Карев со фотографија со Дамјан Груев. Дали грешката е ненамерна е знак прашалник, но едно е јасно: Пандов доби многу критики и потсмев на социјалните мрежи.

Во продолжение нрговата објава и реакциите на социјалните мрежи

Браќа и сетри, по повод 116 години од погибијето на Никола Јанакиев Карев (Крушево 23 ноември 1877 – 27 април 1905 Рајчани, Кочанско), ве поканувам во вторник (27.04) со почеток од 14 часот да дојдете во село Рајчани, Кочанско, каде во организација на Патриотскиот Институт ,,Гоце Делчев” и УМС на ВМРО ДПМНЕ заедно ќе се поклониме на овој македонски великан, национален херој, ревулуционер на ВМРО и претседател на Крушевската Република.

За време на Илинденското востание, востаничката власт во Крушево го објавила Крушевскиот манифест. Јас го извадив неговиот последен дел и ве молам прочитајтего:

,,Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути, мусљумани и комуњари разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф заевата тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање.

Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. Да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата! Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За “Афтономна Mакедонија

Линк од објавата на профилот на Пандов

Реакциите по грешката на Пандов

Реакции на Твитер