Tешка сообраќајната несреќа се случи попладнево на автопатот Штип – Скопје, пред селото Коњари.

Станува збор за превртено возило на патот во кое едно лице починало на лице место, а друго е повредено.

Од МВР велат дека несреќата се случила околу 16:50 часот кога патничко возило „нисан“ со скопски регистерски ознаки се превртело. Едно лице починало на местото на настанот, а друго лице е повредено и е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

ФОТО СИТЕЛ