Нова трагична вест ја потресе Македонија: 14 годишно момче загинa во сообраќаjна несреќа во Илинден

14 годишно момче (А.Р.) од скопската населба Миладиновци загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера во населба Марино, Општина Илинден.

Според неофицијални информации сообраќајката се случила пред „Пицерија НС“ околу 13 часот.

Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

Едно лице исто така е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчерашното утро околу 08:00 часот на патот Струмица-Ново Село, на делницата меѓу селата Секирник и Сушица.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, до несреќата дошло откако автомобил марка „пежо“ со струмички регистарски таблички излетал од патот и се превртел на покривот.

Во автомобилот имало три лица. Еден од сопатниците е повреден и е пренесен на лекување во Струмичката болница