Некој луѓе навистина не можат да се одвикнат од навиката да пушат цигари. Еден Турчин е пример на човек кој навистина сака да престане со пушење.

42 годишниот Ибрахим од Турција направи пластичен шлем во облик на кафез и во него ја заклучи главата , само за да престане со пушење ,пренесува порталот „емиратс247. ком“.

Двата клуча со кој бил заклучен кафезот им ги предал на синот и сопругата, за сите да бидат сигурни дека тој нема да може да запали цигара, ниту кога ќе биде надвор од домот.

42 годишниот маж на медиумите им изјави дека сака да престане со пушење бидејќи веќе 26 години секојдневно пушти по две кутии цигари.

Веќе два дена Ибрахим со кафезот на глава е без цигара.