Како што дознава ,,Фокус,, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дало позитивно мислење, односно не се противи на барањето на Мијалков да се брани од слобода, а за возврат да му се прифати понудената гаранција od 7,5 милиони евра.

Мијалков се наоѓа во притвор по изрекувањето на пресудата за случајот „Трезор“, кога беше осуден на 8 години затвор. Во случај да биде пуштен и да избега, тогаш ќе остане покус за 7,5 милиони евра.

Денеска се очекува Кривичниот суд да донесе одлука дали ќе ја прифати гаранцијата, односно дали ќе му се дозволи да се брани од слобода.

Целосната статија прочитајте ја на ,,Фокус