Што мислите, на кое место е Македонија на оваа листа?

GEOWORLD составиле листа на најскапи земји за живот. Анализирале 132 земји, мереле трошоци вклучувајќи облека, намирници, даноци, комунални услуги, интернет, превоз, ресторани.

Швајцарија го зазема првото место на оваа листа, Норвешка е втора, а трета е Исланд. Словенија е на 47. место, Австрија на 21 место, а Италија на 28 место.

Освен што е севкупен лидер, Швајцарија е најскапа и за цените кои ги нудат рестораните и храната. Оваа алпска земја е високо позиционирана и во Big Mac индексот, кој ја мери цената на производите на Mc Donalds во светски рамки. Big Mac чини 6,50 швајцарски франаци.

Пакистан е најевтин од сите 132 земји, највеќе поради евтината цена за изнајмување на живеалиште.

Храната е најевтина во Авганистан, следена од Пакистан, Узбекистан и Сирија зафатена од војна. Според табелата, најниски цени на рестораните во светот ќе се најдат во Тунис, по што следи Алжир. Пакистан, Индија и Авганистан исто така беа во најевтината петка во индексот на цените на рестораните.

Во првите пет најскапи земји за живеење влегува Данска, а 10 местото му припаѓа на Јужна Кореја.

Франција се наоѓа на 14. место а САД на 20. место. Целата листа на најскапи земји во светот можете да ја погледнете MojPosao.net – Ovo su najskuplje zemlje za život (moj-posao.net)