Гумените сандали, кои ги носеа генерации и генерации во поранешна Југославија, се враќаат на голема врата во светот на модата.

Сандалите, кои ги произведуваше сплитската фабрика „Југопластика“, а со кои најчесто растеа децата во поранешната СФРЈ, пак се во тренд откако една од најексклузивните модни куќи во светот „Гучи“ пушти во продажба речиси идентичен модел под свое име.

Популарните гумени сандали сега со логото на „Гучи“ се продаваат за речиси неверојатни 500 евра.

Моделот на „Југопластика“, кој начесто се произведуваше во жолта или кафеава боја, беше неспоредливо поевтин.

Како ќе изгледаше денес доколку постоеше Југославија? Видео

Џозеф Писнети направил интересна анализа на Јутјуб за тоа како би изгледала обединета и обновена Југославија.

Според анализата, новата Југославија има помалку жители отколку во 1991 година, а бруто националниот производ би изнесувал 191.045.000.000 милијарди долари, што би ја позиционирало Југославија на 53-то место на светот.

Југословенската војска би броела 230.000 припадници, а петте најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје