Кога и да позајмите пари на некого, секогаш постои шанса да останете без него, особено ако сте премногу фини да го „наплатите“ долгот. Сепак, Јарецот е тој со кој најмногу имате шанси да останете со куси ракави. Овој знак ужива да ги критикува сите околу него, додека кон себе е премногу попустлив, бидејќи се подразбира тој е најдобриот.

Многу си сака парите, а со оглед дека смета како сите треба да живеат по нивни правила, веројатно се подразбира дека и парите кои е ги позајмат може да ги вратат кога тие ќе проценат дека е време за тоа.

Тврдоглави се и подготвени да се бранат дури и кога прават најстрашни грешки, а често умеат да ги направат другите луди само за да си истераат нивното.

Значи, ако на вашиот пријател во знак на Јарец сте му позајмиле пари, бидете упорни. Тоа е веројатно единствениот начин да дојдете до вашите пари.