Mакедонија за првпат во историјата обезбеди учество на Европското фудбалско првенство. Таа наша радост, тој голем чекор, тој голем успех ќе има и своја песна, свој спот, своја поддршка.
Денеска официјално е промовиран спотот за навивачката химна посветена на македонската фудбалска репрезентација.
Видеото од „Одиме на Европско“ погледнете го
во продолжение:
Македонската селекција е сместена во Ц-групата, а противници ќе ѝ бидат Австрија, Украина и Холандија. Европското првенство ќе биде отворено на 11 јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција.