Вицепремиерот Артан Груби ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, а граѓаните имаа можност да го проследат целиот процес на вакцинација на официјалната Фејсбук страница на вицепремиерот.

Вакцинацијата на Груби доаѓа откако претходно се вакцинираа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче.

За наредните денови е најавено вакцинирањето на останатите министри од Владата.