Вечерва во скопската населба Ченто, возач предизвикал сообраkaјна незгода удирајќи неколку возила и избегал од местото на незгодата, информираа неофицијално извори на mms.mk oд МВР.
Возачот и возилото се пресретнати од Интервентната единица кај Арачиново.
Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на вечерта. Во меѓувреме, на социјална мрежа „Твитер“ се појави видео-материјал од превртеното возило и единици на МВР на терен.
ОД МВР излегоа и со официјално соопштение во кое се демантира пишувањето на одредени медиуми дека имало пykање, кои после краток период ги избришаа објавените содржини. Постот на официјаната страница на МВР во продолжение:
Демант: Лажна вест е наводната престрелка во Ченто Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации.
Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест.
Foto infomax.mk
Полициска потера по БМВ кое во бегање пресекло пат на комбето кое се превртело како што е на видеото. Лицето од БМВ излегло со пиштол но било совладано од интервентна полиција – очевидци од Сингелиќ 👉 pic.twitter.com/KgUZrQIrAX
— 🅰️псаана (@aps_aana) May 13, 2021