На 12.05.2021 околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“,

.со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено o рyyужје испукале проеkтили кон возилото.

К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.