Во Скопската зоолошка градина денеска официјално ќе биде отворен Дино парк Скопје, новата туристичка и едукативна атракција на градот.
Дино паркот е заеднички проект на Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина Скопје“.
– Овие тематски паркови се светска и туристичка атракција и покрај забавниот дел, имаат и едукативна функција, велат од Зоолошката градина.