Ма, какви уставобранители. Трористи и ништо помалку од тоа, напиша денеска Павле Богоевски поранешниот пратеник.

Тој цитира член од Кривичниот законик кој го регулира терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија

(ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ), напиша Богоевски.

Еден од коментарите под објавата гласеше вака:

Исто беше и со Шарените. Ако има правда, сите претстставници и водачи на Шарените треба да бидат затворени за тероризам. Насилниот обид за упад во Владата (имаше пквеќе повредени полицајци од 27 април) или палењето на канцеларијата на претседателот – по истата лигика е исто така Терористички чин за која ЗЗ и останатите треба да одговараат