Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука за олеснување на рестриктивните мерки. Предлозите на Комисијата ќе бидат доставени до Кризниот штаб, а последниот збор дали ќе се прифатат ќе го има Владата.

Комисијата ќе ги предложи следните олабавувања:

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.