Дел од фудбалските клубови во Првата и Втората македонска лига го бојкотираа неодамнешниот избор за претседател на ФФМ бидејќи сметаат дека куќата на фудбалот треба да го усогласи својот Статут со Законот за спорт, според кој клубовите треба директно да делегираат делегати на Собранието кое, пак, го избира раководството, пишува 360 степени

ФФМ, засега неофицијално, не гледа причина да го менува својот Статут бидејќи смета дека не е во судир со Законот за спорт

Од клубот на Горан Пандев, Академија Пандев, велат дека македонскиот интернационалец размислува да се повлече од Првата македонска лига. Контра ставот на ФФМ е и шампионот Шкендија од Тетово

Агенцијата за млади и спорт е на страната на клубовите, но засега не успева да го убеди ФФМ да го смени Статутот. Директорот, Наумче Мојсовски, вели дека веќе имаат сознанија за нерегуларности и во сегашниот систем на избори во ФФМ

Актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига е при крај. Но, надвор од терените се разгорува друг „дуел“. Голем дел од клубовите бараат тие да го имаат главниот збор во Фудбалската федерација на Македонија, како што велат дека предвидува Законот за спорт.

„Значи, мојот газда, Горан, нашиот идол да кажам, нашиот сопственик, сме на размислување да се повлечеме од активното играње во нашата Прва фудбалска лига сѐ додека не се усогласи Статутот со Законот за спорт“,

вели Југослав Тренчовски, спортски директор на ФК „Академија Пандев“.
Бизнисменот Кочо Анѓушев веќе го напушти прволигашот Борец од истите причини, а последниот избор на претседател на ФФМ го бојкотираа повеќе клубови од Првата и Втората лига. Меѓу нив е и најдобриот клуб изминативе години и актуелен шампион, Шкендија.

Надлежната Агенција за млади и спорт е на страна на клубовите.

„Треба да се главни носители, чинители, главните – ајде да кажам, фаци во фудбалот, тоа се Вардар, Шкендија… Клубовите кои имаат тежина.

Сега, Шкендија има 3 милиони евра буџет. Не може Шкендија да нема човек во ФФМ или во општинската во Тетово, нема човек, а решава некојси што врска нема со фудбалот“,

изјави за „360 степени“ Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Фудбалската „влада“ засега одбива да го смени Статутот со кој е избрано актуелното, а и сите претходни раководства. Сметаат дека нема потреба бидејќи не е во спротивност со Законот за спорт.

Целиот текст прочитајте го на 360 степени ОВДЕ