Седумдесет и пет годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во штипската модуларна болница на полноќ избегал, но по еден час на само неколку метри од болницата на улицата „Мирче Ацев“ во близина на средното медицинско училиште е пронајден мртов.

Случаен минувач пријавил во полиција, поради траги од кочење на автомобил првично се проверувало дали станува за прегазен пешак. Но, подоцна било утврдено дека станува збор за пациентот, кој побегнал од модуларната болница.

Телото како што се пишува во медиумите било предадено на обдукција