PVC врата во Општина Аеродром чини 24.000 по м2 или околу 40.000 по една врата. Пазарна вредност од 8.000 до 10.000 денари.

Златко Марин дали навистина толку чини или голема е провизијата? Ова е безобразно крадење на наши пари.
figure>

Љупчо Николовски ќе се позанимаваш со #Марин?, пишува на Фејсбук, Дејан Митески.

Веќе 3 и пол години откако Златко Марин е градоначалник се обидува да ги прикаже поединечните цени на договорите. Упорноста на советничката група и нашата упорност како опозиција во Аеродром доведе до тоа дека мора да ги објави под закана дека ќе се врши ревизија на тие набавки, а по објавување на тие поединечни цени можевме да видиме фрапантни цени на овие набавки, дециден е Митески.
figure>

Дел од нереалните бројки по кои вршел набавки се следниве:

Корпа за отпадоци 16000 денари плус ДДВ, Клупа за седење 15000 денари плус ДДВ, Фонтана за пиење вода 65000 денари, Пролетно пуштање на фонтана 6500 денари, Затворање на вентилот 6500 денари, Обрач за кош на отворено игралиште 15000 денари

ПВЦ врата 40000 денари (пазарната цена е 8000-1000 денари), Лед светилка 48000 денари

Бројките се превисоки и нереални, тоа го заклучија гостинот Митески и новинарот Златев.

https://www.facebook.com/dmiteski/posts/10226176355104466