Претседателот Стево Пендаровски ќе мора да го потпише Законот за легализација на дивоградбите доколку пратениците по втор пат го усвојат истиот закон без никакви измени.

„Не можам да знам дали повторно ќе го изгласаат Законот. Тоа е комплетно во надлежност на политичките субјекти кои се во парламентот. Прво, оние кои се во Влада дали имаат намера тоа да го направат – да го пуштат повторно во процедура, има најави од премиерот и министерот за транспорт и врски, тие тоа ќе го направат. Има најави од други политички субјекти дека можат со филибастеринг да блокираат, меѓутоа тоа е комплетно во надлежност на Собранието.

Ако ме прашувате за мојата реакција кога здравје тој закон повторно би дошол кај мене, Уставот е апсолутно јасен. Немам намера да не го почитувам Уставот, да изигрувам претседател кој има т.н. џебно вето, па да не се произнесувам. Ако тој закон биде изгласан со потребното мнозинство по втор пат, се разбира дека истиот ден ќе го потпишам“, вели Пендаровски.