Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија,

дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Љ.(27), Б.Љ.(29) и Л.С.(19), од една страна, и К.Н.(45) и З.Н.(51), од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.

Повеќе вести:ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЌЕ ЧИТАТЕ – на патиштата најмногу се гине во сабота

Според статистиката на СЗО годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) информира дека во периодот 2010-2020 во Македонија статистички најмногу жртви на патиштата имало во 2013 година, а најмалку во пандемиската 2020.

Според тие статистички податоци, може да се заклучи дека безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија бележи тренд на подобрување. Во Македонија во 2020 година 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

– Ако се тргне од претпоставка дека Македонија има 2 милиони жители, тоа значи дека во 2020 година, има 6,25 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители. Просекот на земјите-членки на Европската унија е 5 загинати лица на 100.000 жители. Притоа важно е да се напомене дека, со исклучок на скандинавските земји кои имаат по 3 загинати лица на 100.000 жители, голем дел од земјите членки на унијата имаат исто, или слично ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата, наведува РСБСП.

Од регионот Словенија покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај во однос на сите останати земји.

Статистиката за 2020 година покажува дека од 125 лица кои загинале во сообраќајни незгоди, 57 биле во населено место, а 68 надвор од населено место. Од загинатите, 20 се пешаци, 18 се мотоциклисти, 5 велосипедисти, 6 возачи на трактор, итн. По месеци, најмногу загинати има во август – 19 и јули – 17, а најмалку во март, 5 загинати лица во сообраќајни незгоди. Недела со 28 и сабота со 21 жртва се најнебезбедни денови а вторник со 13 жртви е најбезбеден ден. Најкритичен во 2020 година се покажа периодот од 13.00 до 14.00 часот , со 12 загинати лица во сообраќајни незгоди.