Еден од најпрепознатливите парови Марија Пијаманов и нејзиниот сопруг Плевнеш кои живеат во Париз, а по потекло од Македонија, изминатиов период уживаат во убавините на Македонија. Тие често споделуваат видеа и слики од нивните патувања и седенки по ресторани.

По видеото во кое Марија ги честита Велигденските празници од ,,Куба Либре” во Охрид, овој пат таа се се снимаше во локал во стариот дел од градот.

Марија неколку пати додека снимаше, ја покажа познатата црква ,,Свети Јован Канео”. Според неа, Охрид е место каде човек може да ги ,,наполни батериите”, а за црквата ,,Свети Јован Канео” вели дека е најсвето нешто.

Таа вели дека на своето тело нема корекции, а за лицето користи третмани на природна база, скапи, но од нив била задоволна. Пред да заврши со видеото таа потенцира дека е зависник од вежбање, а дека во скопскиот хотел ,,Мериот” има одлични справи со кои човек може да вежба, а истовремено да не се заморува многу.
Целосното видео може да го погледнете овде.

Има и друго видео објавено на фејсбук страницата Сеир на која вели: Идеме во Њујорк, јас долго не можам да летам, повеќе од 4 часа не можам да летам.

Мојот маж е моето богатство, тој е мојата инспирација, дава се од себе. Пијанманов вели дека е во велигденски бои. Погледнете го видеото:

ВИДЕОТО ТУКА