Не сум била овде запросена. Кажи сега овде како ме запросуваш. Па со еден шлиц сум. Овде има луѓе. Еве под Канео ме запроси. Треба ли да кажам да? Со овие зборови Марија Пијанманов вели „ДА“ на наводното запросување од страна на нејзиниот сопруг Плевнеш.

Јас имам кажано ДА. Еве малце еротики. Леле на најубавото место сум запросена. Господинот Ппевнеш ме запроси на најубавото место.

Имаш прекрасен шлиц. Те запросувам пред Охридското езеро каде што плачеа Самоиловите војници, вели Плевнеш и ја бакнува сопругата во ресторан покрај Охридското езеро.

Mагијата, онаа невидлива, но дофатлива во многу неочекувани мигови и облици како што реков ме фасцинирала одсекогаш, а јас ете се обидувам да живеам на ваков маѓичен начин често, сакам постојано и да подарувам, да биде тоа, неочекувано, но искрено, за да го разубави мигот и да буди мигови од сеќавања. Вниманието е љубов, значи сакам да сум постојано внимателна, не само од клише. Најважна ми е симболиката и знакот кој го носи со себе подарокот, во било кој ден од годината, а секој ден поминат во добро здравје и со семејството ми е празник, вели Пијанманов опишувајќи се себеси.