Големиот дел од лансираната кинеска раkeта „Лонг марч 5Б“, кој неконтролирано се враќаше кон Земјата, најверојатно паднал во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка. Станува збор за дел од ракета со должина од 30 метри и тежина од 22 тони.

Сепак, поголемиот дел изгорел при влегувањето во земјината атмосфера, соопшти кинеската вселенска агенција.

Ризична зона“ која беше определена како место каде се можеше да падне ракетата ја опфаќаше површината на платената Земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. Оваа површина ги вклучува цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и Австралија, делови од Азија – јужно од Јапонија, како и делови од Европа – Шпанија, Португалија, Италија и Грција. Сепак, се остварија предвидувањата на астрофизичарите дека ракетата ќе падне во некој океан со оглед дека тие покриваат најголем дел од површината на планетата.

Ракетата Кина ја лансираше на 29 април за својата вселенска станица Тијанх.

Ова беше прв случај од 1990 година во кој некој вселенски објект потежок од 10 тони неконтролирано паѓа кон Земјата.